Добра ноќ Дедо

 
 
 
 

Дедо живееше убав живот, со прекрасна сопруга,
деца и внуци.

Во доцните години посебно се поврза
со неговата најмала внука, Сузи,
и сакаше да ги поминува вечерите со нејзе, читајќи ѝ приказни за добра ноќ додека ја гледаше како заспива.

Една вечер, истоштен и стар, ѝ се сврте на Сузи и ѝ рече: „Имам идеја. Бидејќи сум многу уморен вечерва, зошто не ми читаш ти мене некоја приказна како за промена?“

На Сузи ѝ се допадна идејата и одбра една од нивните омилени книги.

Така седната до Дедо, којшто сега удобно си лежеше во креветот, почна да чита...

Не помина многу време кога Дедо ги затвори очите и потона во длабок сон.

Сузи тивко го исклучи светлото, се наведна, го бакна образот на Дедо и прошепоти:

„Добра ноќ, Дедо. Те сакам. Убаво да спиеш.“

Дедо спиеше навистина убаво таа ноќ и сега
е со ангелите.


STORY BY JAMES CRAIG
TRANSLATION BY DANIEL STOJANOVSKI
ILLUSTRATIONS INVITED